Секој последен вторник во јануари, во Лeрвик се спалува реплика на викиншки брод, во чест на фестивалот „Ап-Хели-Аа“ кој се одржува на Шетландските Oстрови во северна Шкотска.

Небото е осветлено од пламенот на „Ап-Хели-Аа“ фестивалот во Лервик, во чест на викинзите кои некогаш владееле на тоа поднебје. Фестивалот влече пагански корени, а се оддржува во јануари во чест на одбележувањето на крајот на Јуле, кој бил прославуван на Божиќ пред да се случи Реформацијата во Шкотска.

Бојата и шарата ги одбира назначениот Јарл на фестивалот

Фестивалот традиционално се одржува на последниот вторник секоја година во јануари, а привлекува посетители од целиот свет. Почетокот е одбележан со утринска парада низ снегот, а за време на ноќта фестивалот ја достигнува својата кулминација.

Секоја година, под светлината на факелите луѓе ја облекуваат традиционалната викиншка облека, го облекуваат оклопот, ги ставаат наметките, шлемовите, штитовите и оружјето. Прославата кулминира со традиционалното палење на реплика од викиншки брод. Но, само на главниот „јарл“ (викингшки водич) и неговите избраници им е дозволено да учествуваат во огнот.

Џон Николсон, овогодишниот Јарл на парадата

Викинзите владееле со Шетландските Острови пред повеќе од илјада години. Таканареченото „Викиншко доба“ во европската историја обично е заокружено со почетокот на 800-те години па сè до 1066 година, но Шетланд останал под викиншка власт сè до доцниот петнаесетти век, кога островите биле присоединети со Шкотска.

– Првите траги од модерни викингшки фестивали на Шетландските Острови се појавиле многу доцна, во 19-тиот век. Во 1870 година, група млади луѓе ги додале новите идеи во склоп на листата на прослави на градот. Првин, тие го вметнале импровизираното име на фестивалот. Потоа, тие ги вметнале костимите, пишува на интернет-страницата на фестивалот „Ап-Хели-Аа“.

Но, и покрај успехот на фестивалот и неговите архаични ритуали, многумина мислат дека на фестивалот му е потребна обнова, најчесто поради тоа што на жените не им е дозволено да земаат учество во поворката, и повиците за промена најчесто се во таа насока. Во август 2018 година, група од четири жени се обидоа да земат учество во фестивалот, но нивниот прием бил  одбиен.

Фестивалот завршува со традиционалното спалување на викиншкиот брод, како замена на постарата традиција која вклучувала влечење на санки низ снегот на кои имало запалени буриња со масло.