Четвртиот фестивал „Си стар“ официјално е одложен за 2021 година, но организаторите од тимот на „Егзит“ се погрижија на датумите кога требаше оригинално да се одржи, од четврток до недела (од 21 до 24 мај), да го претстават првиот регионален стриминг-фестивал. Фестивалот ќе ги донесе настапите на глобалните и регионалните музички херои, кои од 2017 до 2019 ја испишуваа историјата на лагуната Стела Марис во Умаг.

„Ву-Танг клан“, „Фетбој Слим“, Нина Кравиц, „Модстеп“, „Дубиоза колектив“, „Хладно пиво“, „Бајага и инструктори“, „Урбан енд 4“, Војко В., „Ниплпипл“, „Спилер“, Умек, Петар Дундов, Марко Настиќ, „Елементал“ и Сасја се музичарите со чии снимки од настапите на двете главни бини на „Си стар“ – сцената „Адико Тесла“ и арената „Наутилус“ – публиката и овој мај ќе може барем виртуелно да го посети Умаг.
Настапите ќе се емитуваат во вистинскиот фестивалски формат и саатница, од четврток до недела, со почеток во 19 и 19.30 часот.