Мини-фестивалот на игри „Вип гејм фест 2018“, најавуван како најголемиот гејмерски настан за оваа година, ќе се одржи викендов во фоајето на управната зграда на „Вип“, а влезот за посетителите, како и учеството на турнирите, е бесплатен. Ќе се одржат натпревари во маскирање, виртуелни трки, натпревар во местење рубикови коцки, редење сложувалки… а за победниците има награди и изненадувања.

Во текот на двата дена ќе има постојан пренос во живо на финалните турнири, кој публиката ќе може да го следи на лед-екран и на официјалната страница на Фејсбук на „Вип“ и на ГГ.МК, кои се официјални партнери на фестивалот. Организатори се Гораст Цветковски и Самоил Петрески.