Црква од раниот византиски период т.е. од пред 1.500 години, беше откриена во Синакој, археолошко наоѓалиште во турскиот округ Едрене, јави туската новинска агенција Анадолија.

Според професор Енгин Бексач црквата е една од најстарите во Тракија, изградена околу 500 н.е. Досега е расчистена основата на црквата. Камената платформа врз којашто зданието е изградено, е во добра состојба.

– Во оваа област се наоѓала древната населба Прабадон или Правон, а откриени се и траги од Траките, изјави Бескач.

Во среден век местото е било важен центар во Византиското Царство.