Лизгалиштето се прошири и во блискиот парк

Во центарот на Виена, пред Градското собрание, 25-та година едноподруго е поставено најголемото лизгалиште во Австрија, кое оваа година опфати површина од 9.000 квадратни метри, и тоа на две нивоа.
„Виенскиот леден сон“ првпат беше отворен во 1996 години, кога граѓаните на Виена имале на располагање 1.800 квадратни метри мраз, пред Собранието, за уживање во зимскиот спорт.

Џиновското лизгалиште од првиот ден стана омилено место за собирање на младите, но и на постарите жители на Виена, а површината се зголемуваше од година на година.
Денес тоа се протега не само по должината на Собранието туку и во околниот парк, кој, со зимско осветлување, им дава единствено чувство на рекреативците. Има и лизгалиште за деца, како и терен за карлинг на мраз, каде што има можност и за спортски натпревар.

И годинава Виена на забавиштата и на училиштата им овозможува бесплатно лизгање во работните денови.
„Виенскиот леден сон“ прерасна и во голема туристичка атракција, која освен со спортски активности туристите ги привлекува и со разни кулинарски специјалитети што се нудат во колибите направени во алпски стил.