На ранг-листата на десет најзелени градови во светот за 2020 година, на канадско-американската консултантска агенција „Резонанс“, австриската метропола Виена го зазеде првото место. Зад неа се Минхен, Берлин и Мадрид, пренесува Танјуг.

Анализирани се повеќе од 1.000 града во светот, според критериумите што се однесуваат на уделот на парковите и зелените површини во вкупната површина на градот, како и процентот на користење на обновливата енергија, квалитетот на воздухот, понудата на градскиот превоз, но и на локалните производи на пазарите.

Виена, во споредба со другите градови, предничи по идеите за мобилност и по парковите, но и по тоа што, како една од ретките метрополи, во рамките на своите граници има национален парк.