Меѓународната мрежа за организација на луксузни патувања „Тревлер мејд“ ја прогласи Виена за најпосакувана дестинација за 2021 година. Во трката за титулата „најпосакувана дестинација“, Виена победи против Цирих, Јапонија, Нов Зеланд, Кореја и Австралија.
„Тревлер меид“ е водечка мрежа во областа на луксузните патувања, која вклучува 71 земја, 450 агенции и 3.500 таканаречени луксузни дестинации за патување.
Туристичката организација „Виена“ е членка на мрежата од 2019 година и има советодавна улога во однос на дестинациите, идеите и контактите. Освојувањето на наградата потврдува дека Виена нуди сè што бара луксузно патување: ексклузивност, уникатност и висок квалитет во сите области. Покрај понудата во градот, клучниот факт за победата беше и активниот ангажман на виенската туристичка организација за време на пандемијата.
Од 2017 година, виенската туристичка организација активно се залага за воспоставување на Виена како луксузна дестинација. Луксузните туристи вклучуваат поединци со средства чија нето-вредност надминува 30 милиони долари („ултрависоки нето-вредни лица“) и над еден милион долари („индивидуи со високи нето-вредности“). Туристичката организација во Виена користи насочени маркетинг-мерки за да воспостави контакти со ваквите лица, но и ги поддржува виенските компании во луксузниот сектор во контактирање со нивната целна група.