Осумминутни овации доби филмот „Џокер“ на Венецискиот филмски фестивал.

Адаптацијата на Џокер со Хоакин Феникс во главната улога е еден од најочекуваните филмови за оваа година.

Уметничкиот директор на филмскиот фестивал во Венеција рече дека овој филм ќе го испрати Хоакин Феникс до „Оскарите“ и може да му ја донесе статуетката во категоријата најдобар актер.

Филмот доби и високи оценки од еминентни филмски критичари. Роби Колин, филмскиот критичар на британскиот „Телеграф“, филмот го оцени со 4 од 5 ѕвезди, коментирајќи дека станува збор за новиот „Боречки клуб“. Критичарот на „Гардијан“ на филмот му даде пет ѕвезди.