Оптоварувањето со видеоконференциите создава притисок и чувство на затегнатост што не е природно за луѓето и што не им се допаѓа. Овие ограничувања често резултираат со ограничена ментална способност

Помина повеќе од една година од почетокот на пандемијата на ковид-19, што за голем број вработени значи континуирана работа од дома. Во превод, ова значи голем дел од денот пред екранот, честопати со виртуелни конференции на Зум и Скајп. Не треба да го заборавиме фактот дека бројот на вработени во компанијата „Зум“ е зголемен за речиси 500 отсто.
Прашањето поставено од истражувачите на универзитетот „Стенфорд“ е колку новата работа од дома влијае на нашиот мозок.
За да се открие одговорот на ова прашање, спроведена е сериозна анализа, која објаснува четири различни случаи на „замор на мозокот“.

Борба или трчање – вроден инстинкт
Секоја личност го има овој вроден инстинкт. Тој предизвикува физиолошки и ментални промени кај луѓето и е забележан кај учесниците на состаноците на Зум, честопати наутро. Проблемот е мрежата на луѓе што ве гледаат за време на состанокот, која мозокот несвесно ја перципира како конфронтација на мал простор. Слично на лифтот. На тесен простор, повеќето придружници гледаат во подот и избегнуваат директни погледи и конфронтации. На конференциите на Зум имате впечаток дека сите учесници ве гледаат, додека тие гледаат на камерата, што може да го активира споменатиот инстинкт кај вас.
Ако забележиме дека инстинктот борба или трчање предизвикува адреналински жлезди и реакции како што се проширени зеници, забрзано чукање на срцето, испотени дланки, бледо или црвенило на лицето и неконтролирано тресење, јасно е дека не сакате вакво нешто да ви се случи за време на конференција на Зум.

Невербални гестови на интернет
Еден важен дел од човечката комуникација се невербалните гестови, кои честопати ги користиме несвесно. Социјализацијата во виртуелниот простор и виртуелните невербални знаци на комуникација не се природни за нас, па затоа понекогаш ни е тешко да ги разликуваме. Покрај тоа, тоа чувство на далечина кога ќе видите некого во виртуелниот простор со нас предизвикува несвесни реакции, како погласен говор и поизразени гестови отколку што би правеле во живо.

Огледало и самооценување
Замислете дека каде и да одите, постојано имате асистент што ве придружува и имитира сè што правите. Како би се чувствувале? Апликациите го прават токму тоа. Несвесно е, како и реакцијата да се погледнете сами кога ќе поминете покрај излогот.
Лошата страна на постојаното гледање во себе и процена на погледите, гестовите и постапките може да предизвика стрес, а според научниците, ова е поизразено кај жените отколку кај мажите.

Затворен во кутија
Оптоварувањето со видеоконференциите создава притисок и чувство на затегнатост што не е природно за луѓето и што не им се допаѓа. Овие ограничувања често резултираат во ограничена ментална способност. Постојаното седење на некое место за да не излеземе од рамката влијае на фактот дека мозокот го перципира просторот поинаку отколку кога се движиме.
Ја знаете фразата „размисли поинаку“, во оригиналот пишува „размисли надвор од кутијата“. Па, на состаноците на видеоплатформите сѐ е кутија околу нас, и ги ограничува нашите ментални способности. Добро е познато дека луѓето што одат, дури и внатре, добиваат креативни идеи почесто од оние што седат. Затоа, според „АпаОпен.орг“ ваквите конференции буквално ни оневозможуваат да размислуваме поинаку или надвор од рамките.

Што да се прави?
Пандемијата е тука и нема да исчезне наскоро, ниту видеоконференциите. Што можеме да сториме за да го намалиме стресот? Професор Бејленсон вели дека е најдобро да ја исклучуваме сликичката од нашата камера на видеоконференции, за да се отстрани дел од товарот од рамената. Користењето надворешна веб-камера или телефонски повици наместо видеоповици може исто така да помогне, барем можете да размислите надвор од кутијата, вели тој.