Некогаш, за да се направи некоја игра, беше потребно таа да поддржува посебна опција за градење или да се научи програмирање. Меѓутоа, многу нешта се променија. Сега децата што отсекогаш сонувале да направат своја игра имаат можност благодарение на едноставните видеоигри.

Некои од овие игри се „Супер Марио Мејкер 2“ и „Левелхед“, кои се погодни за сите возрасти, додека играта „Дримс“ е за скалило повисоко кога станува збор за правењето игри и е наменета за тинејџери.

„Супер Марио Мејкер 2“ е класика на овој жанр. Оваа игра му овозможува на вашето дете само да дизајнира нивоа, а „Нинтендо“ исто така објави опција во која се објаснува како најлесно да се направи едно ниво и што е потребно за да излезе добро. Родителите рекоа дека нивните деца се воодушевени од водичот за правење на нивоата, затоа што се забавни и едноставни.

„Левелхед“ е неверојатно симпатична игра, има многу опции и предности, а една од нив е можноста да го смените она што се наоѓа во играта, како што е боење на сите елементи, уривање, градење нови, копирање на деловите што ви се допаѓаат и слично.

„Дримс“ е тинејџерска игра за „Плејстејшн 4“ и е одличен прв чекор за оние што сакаат да знаат како е да се биде дизајнер. На почетокот е потребен едноставен вовед, по што можете брзо да ги поврзете елементите и да направите своја игра.