Вибер воведе нова група опции што ќе им овозможат на корисниците лесно да наоѓаат важни информации во рамките на деловните разговори, како и да одговараат на конкретни пораки во разговор со брендови. – Опцијата „прикачи на врвот“ (пин ту топ) за пораките што ја воведува Вибер за деловни разговори им овозможува на корисниците да не ги пропуштаат клучните информации, со тоа што ќе можат да прикачуваат одредена порака во рамките на разговорот со брендот – соопшти компанијата „Ракутен Вибер“. Покрај тоа, тука е и неодамна воведената опција на врвот да се прикажат цела низа пораки или дел од разговор, слично на можностите од секојдневните разговори со пријателите. На пример, корисник што закажува лабораториски тест или резервира хотелска соба ќе има брз пристап до таа одредена порака со детали за закажаниот тест или резервација на хотел. За да закачите порака во деловен разговор, прво треба да ја означите пораката, да ја држите долго и потоа да ја изберете опцијата „прикачи“. Отсега натаму, корисниците исто така можат да одговорат на одредена порака во деловните разговори, што им овозможува на корисниците и на брендовите подобро да го следат разговорот. На пример, во активен разговор со продавница каде што клиентот нарачал повеќе артикли истовремено, тој или продавницата сега може да одговори на одредена порака за да се осигури дека нешто не е погрешно сфатено – и дека ниту една нарачка не е заборавена или изгубена. Одговорот на одредена порака во деловниот разговор функционира на ист начин како и во редовните приватни или групни разговори со други корисници, преку означување на пораката, потоа долго притискање и избирање на „одговори“ или со лизгање на прстот десно на екранот може да се избере пораката на која сакате да одговорите. Според статистичките податоци, 56 проценти од корисниците повеќе сакаат да се допишуваат со брендовите отколку да ги повикуваат.