Првите синтетички дијаманти се направени во Шведска во 1953 година, со процес на висока температура под притисок

Вештачки дијаманти произведени со хемиско испарување (ЦВД) се создаваат од гас што содржи јаглерод во состојба на плазма. Слоевите на јаглеродни атоми создаваат камења хемиски идентични со минирани дијаманти.
Првите синтетички дијаманти се направени во Шведска во 1953 година, со процес на висока температура под притисок, буквално копија од природата.
Во 1989 година, технолошки скок е постигнат кога лабораторијата за истражувања дијаманти ДРЛ, која подоцна станува „Де берс елемент сикс“, завршила дијамантска синтеза користејќи низок притисок.
Дијамантот е една огромна молекула на јаглеродни атоми. Користејќи ЦВД или хемиско испарување, дијамантот се формира во високотемпературна мешавина на плазма од водород и метан, при многу ниски притисоци во вакуумската комора. Вистински дијамантски кристал дејствува како семе за растење дијаманти.
Основен проблем на дијамантската синтеза е алотропската природа на самиот јаглерод. Различни физички форми на елементот вклучуваат дијамант, графит и букминстерфултерен или „бакиболс“ – графит, а не дијамант, е стабилна кристална фаза на јаглерод.
Пробивот на ДРЛ беше откривањето оптимални гасни мешавини и температури за создавање дијаманти. Со користење висока заситеност на атомски водород, атомите на јаглеродот формираат тридимензионални тетраедарски врски на дијаманти, наспроти послабите врски на графитот.
Освен дијамантскиот накит, синтетичкиот дијамант има комерцијална примена, како дупчење за нафта и гас до најсовремена електроника. Синтетички дијамант е и материјал за квантни компјутери, кој врши операции што не се можни со користење компјутери што ја следат класичната физика.