Фотографот Бас Стервијк од Амстердам ѝ го привлече вниманието на светската публика откако на својот инстаграм-профил објави хиперреалистични портрети на познати историски личности. За таа цел тој користи ГПМ (генеративна противничка мрежа) за илјадници фотографии, овозможувајќи им на овие машини да генерираат слики што изгледаат, барем површно, оригинални за човечкото око.
Од Давид до Наполеон, Стервијк користи вештачка интелигенција за да создаде слики што личат на фотографии, кои би можеле да ни дадат идеја за тоа како навистина изгледале овие луѓе. Наречена „АИ генерирани портрети“, оваа серија на слики е креирана со „Артбридер“, софтвер што користејќи вештачка интелигенција ги забележува вообичаените карактеристики на лицата од сликите и статуите.

– Кога станува збор за Кралицата Елизабета, лесно е затоа што постојат многу слики од неа. Затоа, јас „закачив“ 10 различни слики и потоа го создадов она што мислам дека е реална слика за тоа како би изгледал нејзиниот лик врз основа на некој даден просек – вели Стервијк за „Јаху њуз“.
Изграден на основа на „Банбридер“ и „БигГАН“, „Артбридер“ е бесплатен и слободно достапен, а резултатите ќе варираат во зависност од количеството слики што ги искористите.