Американската крајбрежна стража го спасила Данкан Хачинсон(52), кој во неделата тргна од Њујорк кон Шкотска во обид да го превесла Атлантикот.

Ноќта меѓу недела и понеделник Хачинсон се најде во големо невреме со бранови од околу три метра и налети на ветер од 34 километри на час, пренесува АП.

Хачинсон поголем дел од работниот век го мина на море, најмногу работејќи во оф шор нафтената индустрија.