„Верајети“ ја завршува годината со презентирање список на десетте најлоши филмски остварувања што беа премиерно прикажани во 2020 година. Со други зборови, оваа интернет-страница направи список на филмови што треба да ги прескокнете кога барате квалитетна содржина пред малите екрани.
На самиот врв на листата е филмот „Дулитл“, односно римејкот на остварувањето од 1998 година. Во главната улога глуми Роберт Дауни Џуниор, а „Верајети“ го нарекува филмот „апсолутен дебакл што можеби не би требало да биде снимен“.
На второто место се најде филмот „Неговата последна желба“, а на третото место на листата е „Се мислам да ставам крај“. На списокот се наоѓаат и филмот „Евросонг: Приказна за огнената сага“, како и „Почесен гостин“.
Филмот „365 дена“, кој привлече огромно внимание во јавноста откако беше прикажан на „Нетфликс“, исто така е на оваа листа. Гледачите на овој филм му дадоа многу слаба оцена на страницата „Ротен томатос“, но и на „Ај-ем-ди-би“ каде што моментално има оценка 3,3.
Списокот завршува со филмовите „Капоне“, „Неизбрани патишта“ и „Артемис Фаул“.