Студентка од Универзитетот за агрикултура, живот и животна средина во Алберта, Канада, направи истражување и откри дека идентитетот на луѓето е длабоко и силно поврзан со нивните велосипеди. Овој заклучок не би нѐ изненадил денес, со оглед на тоа што многу велосипедисти искусиле неверојатни авантури со своите велосипеди, пренесуваат од „Метро Њуз“.

За истражувањето, Карли Колман, која е горда сопственичка на 15 велосипеди, интервјуирала 28 испитаници со цел да го истражи начинот на кој карактерите на луѓето се поврзуваат со машините од две тркала кои ги возат. Во многу случаи врската помеѓу нив и нивниот велосипед е нераскинлива.

– Луѓето кои учествуваа во истражувањето покажуваат дека навистина го сакаат нивниот начин на живот и начинот на кој го искусуваат светот возејќи ги нивните велосипеди – вели Колман.

Испитаниците отикриваат дека го запознале својот град подобро благодарение на споредните и мали улички по кои тие се движат со нивните велосипеди.

– Благодарение на движењето со велосипед, го запознаваш соседството подобро, дознаваш за локациите на сите автобуски постојки, дупките на улиците, кучињата кои ќе ве „извадат од памет“ лаејќи на оградите, со еден збор, го учите својот град подетално. Велосипедистите исто така запознаваат нови пријатели возејќи на велосипедски тури и настани, па затоа се душевно уништени кога нивниот велосипед некој ќе го украде – вели Колман.