Свештениците би требало да работат и преку интернет доколку сакаат да се поврзат со луѓето кои веќе не доаѓаат во црква, но се достапни преку социјални мрежи. Тоа го изјави ватиканскиот експерт за дигитализација Пол Тиње познат по тоа што работеше на интернет презентација на Папата.

На технолошка конференција во Лисабон тој го повика католичкото свештенство ширум светот да прифати користење социјални мрежи за комуникација и пристап до луѓето до кои не може да се допре.

Папата Франциско има налог на Твитер и има околу 18 милиони што го следат.