За оние што сакаат да се тркаат на две тркала, „Ван Муф“ подготви модел што ќе може да достигне брзина од дури 50 км на час.
Кога се зборува за хипервелосипеди, повеќемина веднаш помислуваат на едно име – „Грајп“. Електричните велосипеди се вистински ѕверови на две тркала, но сепак се резервирани само за оние со подлабок џеб. Неодамна, холандскиот „Ван Муф“ се проби како еден од најпопуларните производители на електрични велосипеди. Нивните електрични велосипеди, кои исто така носат интересни технолошки решенија, се покажаа особено популарни по појавата на пандемијата, кога многумина го заменија јавниот превоз со електрични велосипеди.
Оваа компанија сега го претстави својот прв електричен хиперцикл што има два мотора и кој може да достигне максимална брзина од дури 50 километри на час. Се разбира, со таа брзина нема да биде дозволено возење по градски патеки за велосипеди.
Холандската компанија го рекламира и својот „ван муф 5“ како замена за автомобил, не само за градски возења туку и за подолги возења и вели дека сѐ на овој велосипед е приспособено за пријатни долги возења на две тркала. Исто така, овој модел има опција за интелигентна контрола на моторот и автоматско менување на брзините, „турбо буст“, можност за заклучување без клуч „клик лок“ и опции за спречување кражба. Дополнителни детали, освен батеријата од 700 киловат-часа, не се објавени и истите тие треба да бидат познати во наредните месеци.
Електричниот хиперцикл на „Ван Муф“ се очекува да се појави на пазарот во втората половина на следната година по цена од 3.500 евра.