Во Јапонија можете да ангажирате професионални саботери на бракови и на љубовни врски наречени „вакаресасеја“ или диверзанти, за да го заведат вашиот сопружник или нивниот партнер, со цел да ја прекинете вашата врска.

Такеши Кувабара во 2010 година бил осуден за убиство на неговата љубовница Рие Исохата. Она што го привлече вниманието на целиот свет не беше самата трагедија, туку фактот дека Кувабара бил „вакаресасеја“ ангажиран од сопругот на Исохата за да го раскине нивниот брак.

Кувабара кој бил оженет и имал деца, организирал случајна средба со Исохата во супермаркет. Тој се претставил како самец вработен во ИТ-секторот. Двајцата започнале да се гледаат за тоа да преасне во вистинска врска. За тоа време, колегата на Кувабара ги сликал во хотел за љубовници, а Исохата ги користела тие фотографии како доказ за време на својот развод. Таквите докази се неопходни во Јапонија кога  се бара развод.

Кога Исохата дознала за измамата се обидела да ја раскине врската со Кувабара. Тој не сакал да се разделат и ја удавил. Следната година, тој бил осуден на 15 години затвор.

Работата на луѓето што работеле како „вакаресасеја“ претрпела сериозен удар по убиството на Исохата. Трагедијата довела до реформи во оваа „професија“, вклучително и барање од приватни агенции за тие да имаат работна дозвола. Јусуке Мочизуки, „вакаресасеја“ агент на „разделби“ во агенцијата наречена „Прва група“, како дел од последиците ја наведува забраната за рекламирање на нивните услуги преку интернет и зголемениот сомнеж во јавноста, со што им се отежнала работата на агентите.

По една деценија од убиството на Рие Изохата, рекламите на интернет повторно се дозволени и се има впечаток дека бизнисот повторно цвета, и покрај високите цени, контроверзното минато и мислењето на јавноста.

Оваа професија сè уште преживува во сива зона на пазарот. Едно истражување покажало дека околу 270 агенции кои нудат услуги за прекинување на врските се рекламираат преку интернет. Многумина се врзани за приватни детективски агенции слични на приватни истражители во други земји (кои исто така можат да бидат вклучени во прекинување на врските).

– Услугите на вакаресасеја се прилично скапи – признава Мочизуку, додавајќи дека нивните клиенти обично се богати.

Мочизуку е поранешен музичар кој својот животен интерес за детективска работа го претворил во кариера. Тој вели дека за релативно едноставен случај во кој има многу информации за целните активности, може да наплати дури 3.800 долари, а понекогаш и повеќе.

Надоместокот може да достигне до 190.000 долари ако клиентот е политичар или славна личност, за што е потребно највисоко ниво на тајност. И покрај тоа што Мочизуки тврди дека неговата компанија има голема стапка на успех, консултантска компанија која дава совети во оваа област посочува дека потенцијалните клиенти треба да бидат резервирани во врска со ваквите тврдења и подготвени за евентуален неуспех.

Опстанокот на професијата „вакаресасеја“ сугерира дека парите и измамите се вклучени во врските многу почесто отколку што луѓето се свесни.