Бетонски бункер изграден на рид во Дорсет, Англија, ќе добие нова функција.
Бункерот бил изграден за време на Втората светска војна, а наскоро ќе стане викендичка на море. Во моментов изгледа како бетонска тврдина без прозорци, а некогаш бил дел од радарската станица на Кралското воено воздухопловство (РАФ) што ги откривала нацистичките авиони Луфтвафе.
Поточно, тоа е дел од системот „Чејн хоум“, серија бункери изградени по должината на брегот на Ла Манш, чија задача била да откриваат непријателски авиони со помош на радар, така што командантите имале доволно време да ги испратат своите сили во мисија за пресретнување.
Кога завршила војната, некои бункери биле користени за следење на советските бомбардери до 1950 -тите години. Денес има зачувано само неколку бункери, а еден од нив е изграден во 1941 година и ќе биде претворен во викендичка.
По отстранувањето на серијата антени во 1974 година, бункерот не се користел. Се наоѓа на семејна фарма, која постои повеќе од 400 години. Сега тој чека целосна трансформација, за што ќе биде задолжена компанијата „Липтон плант аркитектс“.
Бункерот е невидлив однадвор, бидејќи е скриен во зеленило. Нема прозорци, но ќе бидат додадени. Поточно, бункерот ќе добие еден голем прозорец, така што гостите ќе можат да уживаат во прекрасниот поглед на морето. Процесот на реновирање, исто така, ќе вклучува кујна, дневна соба, главна спална соба, дополнителна спална соба, бања и тераса
Бетонските sидови ќе останат изложени за одржување на естетиката на бункерот.