Работниците што поставија божиќна елка пред центарот „Рокфелер“ оваа недела открија минијатурен був скриен во нејзината крошна, кој патувал со дрвото три дена до Њујорк поминувајќи 270 километри.
– Малата птица ја открија во понеделникот и ја крстија Рокфелер. Малиов був бил дехидриран и гладен, но без повреди – изјави менаџерката на Центарот за диви животни во Равенсберд, Елен Калиш.
Птицата е донесена во засолниште во Согертис, Њујорк, каде што и извршен ветеринарен преглед. Бувот е нахранет и згрижен, а центарот планира да го ослободи викендов кога ќе закрепне од одисејата. Норвешка смрека, висока 23 метри, беше доставена до Менхетн од Онеонта, во средиштето на сојузната држава Њујорк.
На социјалните мрежи дрвото не беше дочекано со ентузијазам поради лошата крошна, а некои заклучија дека неговиот тажен изглед соодветно означува крај на годината што треба да се заборави што е можно побргу.