Бруно Марс (34) најверојатно склучил договор наскоро да глуми и продуцира мјузикл под палката на студиото „Дизни“.
Според таблоидот „Дедлајн“, сè уште не се откриваат детали за проектот, но, сепак, се знае дека продукцијата ќе содржи претежно оригинална музика, која Бруно ќе ја создаде и изведува.

Поп-пејачот со вонсериски глас неодамна на својот инстаграм-профил откри дека работи на голем проект, свирејќи ја на пијано песната „When You Wish Upon a Star“, а во коментарот напиша: „Ако срцето е во вашиот сон, ниту едно барање не е преголемо. Кога ќе посакаш желба…Марс ќе се сретне со глувчето. Ќе одам во Дизниленд. Јес!“
Ова нема да биде прво актерско искуство за Марс, бидејќи веќе глумел во два филма: „Меден месец во Вегас“ и „Рио 2“.