Британските медиуми тврдат

Бруклин Бекам и неговата свршеница Никола Пелц на нивната свадба ќе вклучат еврејски традиции бидејќи неговиот дедо и нејзиниот татко се Евреи, пишуваат британските медиуми.

Бруклин минатиот викенд ја објави на својот инстаграм-профил веста дека ја запросли Никола, наведувајќи дека ја нашол својот „сродна душа“, и покрај тоа што се заедно само девет месеци.

Бруклин и купил на Никола веренички прстен од 350.000 фунти и таа ги запознала неговите славни родители, Дејвид и Викторија.

Нејзиниот татко, Нелсон Пелц кој е менаџер на инвестициски фондови, и неговата сопруга, поранешната манекенка Клаудија Хефнер, наводно понудиле да ја платат свадбата. Богатството на семејството Хефнер се проценува на 1,3 милијарди фунти пренесува магазинот „Сан“.

– Никола е одгледувана во еврејско семејство. Нејзината мајка Клаудија не е Еврејка, додека нејзиниот татко Нелсон е религиозен. Тие ги одгледале своите деца да ги поддржуваат традиционалните еврејски вредности. Кога почнале да зборуваат за својата иднина, Бруклин се согласил на свадба според еврејските обичаи. Иако нема да биде религиозна во голема мера, таа веројатно ќе содржи традиционални елементи – вели извор на „Мирор“.

Медиумите пренесуваат дека парот сака да направи две церемонии за одбележување на нивниот брак во 2021 година – една во Велика Британија и една на Флорида. Сето тоа се очекува да чини околу четири милиони фунти.

Дедо му од страна на мајка му на Бруклин Бекам бил Евреин и тој го истакнува тоа нарекувајќи се себеси како „половина Евреин“ во својата автобиографија.

– Веројатно сум имал повеќе контакт со јудаизмот отколку со која било друга религија – напишал тој.