Бројот на смртните случаи во авионски несреќи низ светот падна за повеќе од половина минатата година, според холандската консултантска авиокомпанија „Ту70“.
Како што наведуваат од компанијата, минатата година имало 86 несреќи во комерцијалните авионски летови на глобално ниво, што резултирало со 257 жртви. Во 2018 година имало 160 несреќи, меѓу кои и 13 смртоносни, што резултирало со 534 смртни случаи. Тоа се изедначува со стапката од само 0,18 смртоносни несреќи на милион лета во 2019 година, или ако се изрази на друг начин – една фатална несреќа на 5,58 милиони лета.

Бројките вклучуваат луѓе што загинале во авионски несреќи, како и оние што загинале на земја. Големите патнички авиони вклучени во истражувањето се оние авиони што ги користат речиси сите патници на авиокомпаниите низ светот, со исклучок на помали патнички авиони.