Британското пиво се наоѓа во состојба на неизвесност поради брегзит. Баровите и пиварниците го очекуваат брегзит и последиците што ќе ги донесе напуштањето на Европската Унија. Во секој случај, криглите никогаш не се празни, пренесува „ЕУроактив“.

Се очекуав Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31 октомври, дали со или без договор. Со започнувањето на петдневниот фестивал на пивото, организаторите го гледаат брегзит како нова можност, но и причина за загриженост. Тие, сепак, бараат владата да реагира соодветно доколку Велика Британија ја напушти ЕУ без договор.

– Владата треба да ги намали даноците на пивото и да ги регулира деловните активности. Пиварите зависат од увозот на хмељ, но и на извозот во ЕУ – вели Том Стајнер кој е вклучен во КАМРА, кампањата за пиво која брои над 190.000 членови.