Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл по вторпат станаа родители. Нивната ќерка ќе го носи името Лилибет Дајана Маунтбатон-Виндзор.

Нејзиното прво име, Лилибет, е во чест на нејзиното височество Кралицата. Нејзиното средно име е во чест на нејзината баба и мајката на Хари, принцезата Дајана. Бебето е осмо по ред во линијата наследници за британскиот трон.

„Лилибет е родена во 11 часот и 40 минути по локално време, има седум килограми и сега е дома“, изјави двојката.

– На 4 јуни бевме благословени со доаѓањето на нашата ќерка Лили“. Таа е повеќе отколку што можеше да замислиме и сè уште сме благодарни за љубовта и молитвите што ги чувствувавме од целиот свет. Ви благодариме за вашата љубезност и поддршка во ова многу посебно време за нашето семејство – соопштија родителите.

Инаку, синот на принцот Хари и Меган Маркл, Арчи, минатиот месец наполни две години.