Американски научници

За храната со висок гликемиски индекс (која вклучува брзи јаглехидрати) се смета дека нема поголема веројатност да предизвика зголемување на телесната тежина во споредба со оние со низок гликемиски индекс. Ова беше утврдено неодамна со студија објавена во списанието „Адвансис ин нутришн“, која ја спроведе Американското здружение за исхрана.
Гликемискиот индекс беше развиен во 1981 година од Дејвид Џенкинс, професор на Универзитетот во Торонто. Џенкинс на храната ѝ доделил број од 0 до 100, како мерка за тоа колку брзо телото ги разложува јаглехидратите.
Тогаш на луѓето им беше кажано дека храната со висок гликемиски индекс (брза храна, слатки, газирани пијалаци итн.) може да доведе до зголемување на телесната тежина. Овие намирници се нарекуваат „брзи“ или рафинирани јаглехидрати, бидејќи брзо го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта.
По анализата на податоците за речиси два милиони возрасни лица од 43 студии на групата, истражувачите заклучиле дека нема разлика во индексот на телесна маса помеѓу оние што консумираат брзи јаглехидрати и оние што јадат сложени јаглехидрати.
Храна што им припаѓа на сложени јаглехидрати се овесна каша, интегрален леб, кафен ориз, леќа итн. Другите својства на јаглехидратите, како што се густината на хранливи материи, диеталните влакна и количеството на додаден шеќер, се поважни од гликемискиот индекс, откриле истражувачите.
– Заклучокот е дека јаглехидратите, без оглед на видот, може да бидат дел од здравата исхрана – вели коавторот Џули Милер Џонс.