„Твентиет сенчури фокс“, еден од најпознатите брендови во филмската и телевизиската индустрија веќе не постои, откако новиот сопственик, компанијата „Волт Дизни“, објави дека од денеска ја преименува како „Твентиет телевижн“. Компанијата „Волт Дизни“, минатата година за 71 милијарда долари го купи имотот на „Фокс“.

Компанијата Дизни во јануари го исфрли името „Фокс“ од сите филмови на познатото филмско студио. Познатото лого и графиката на студиото, на којашто зборовите се поставени над рефлектор, ќе останат речиси исти, освен што зборовите „сенчури“ и „фокс’“ ќе ги нема.

– Новите имиња и обележја на нашите студија означуваат нов ден, а истовремено оддаваме почит на нивната богата историја и креативна моќ на компанијата „Волт Дизни“ – изјавил претседателот на телевизиските студија Крег Ханегс.

Новото лого ќе се појави во новите филмови и серии на оваа ТВ-куќа, кои ќе почнат да се емитуваат наесен. Старите наслови, кои веќе се емитуваа, ќе го задржат своето поранешно лого и име.