По сѐ изгледа познатиот холивудски актер Бред Пит во животот на неговата бивша сопруга Џенифер Анистон, со која од скоро е повторно заедно, има одлучувачка улога.
Како што пишуваат американските медиуми, Пит е главна алка во повторното собирање на неприкосновената екипа на серијалот „Пријатели“.

Како што се наведува, Џенифер побарала совет од Бред дали да се врати во серијата, а тој ја убедил да го направи тоа.

Инаку, за познатата актерка кружеа приказни дека се дистанцирала од тимот со кој соработуваше со години на популарната серија и дека не сака да биде дел од старата актерска екипа.