Холивудската ѕвезда Бред Пит, зад кого е речиси 35-годишно занимавање со подвижните слики, вели дека сѐ уште ужива во снимањето филмови.
Педесет и седумгодишниот оскаровец изгледа релаксирано, откако деновиве заврши со снимањето на сцените од новиот филм „Вавилон“, историска драма што се снима во Лос Анџелес.

Бред во филмот ја глуми sвезда на немите филмови, Џон Гилберт, кој не успеа да се снајде во преминот од неми кон звучни филмови.
Пит во филмот глуми заедно со Маргот Роби (31), која ќе ја игра Клара Боу, која своевремено важеше за секс-симбол.