Бредли Купер заедно со неговата мајка

Актерот Бредли Купер за време на разговорот со својот колеги Ентони Рамос за магазинот „Интервју“ открил дека за време на карантинот поради коронавирусот не излегувал од дома со месеци. Неговата мајка Глорија Кампано е сериозно болна и не сакал да ја доведе во опасност, пренесува „Ју-ес тудеј“.

– Мајка ми ќе наполни скоро 80 години и има колостомска кеса, така што не можам да пуштам никого дома – објаснил Купер, додавајќи „а јас не можам да излегувам, затоа што ако мајка ми се зарази, тоа ќе биде нејзин крај“.

Купер има тригодишна ќерка со поранешната девојка Ирина Шајк, која била со него цело време. Така тој и двете најважни дами во неговиот живот биле заедно со месеци, што е само малку поразлично од нивните вообичаени рутини. Тоа е затоа што Кампано и Купер живеат заедно многу долго пред да избие пандемијата. Во 2011 година, починал Чарлс Купер, таткото на актерот, и оттогаш тој живее заедно со својата мајка.