Брачна двојка од Русија пред триесетина години вдомила мало мече, на кое му го дале името Степан. Сега тоа е огромна мечка, висока 2 метри и тешка 200 килограми. Уште од првиот ден, Светлана и Јуриј Пантелејенко се однесувале кон Степан како кон рамноправен член на семејството. Руската двојка ја посвоила мечката кога имала само три месеци. Ја пронашле ловци како без мајка лута низ шумата. Тогаш малиот Степан бил во очајна состојба, а сега е мошне дружељубив и, наспроти врежаното мислење, воопшто не е агресивен. Напротив, има весел и темпераментен карактер. Сака да си игра, да гледа фудбал на телевизија и да го полева цвеќето во дворот. Инаку, Степан стана и ѕвезда на малите екрани, бидејќи глумел во голем број руски филмови.
Омилен десерт му е концентрирано млеко со шеќер, а дневно јаде околу 25 килограми риба, јајца и зеленчук.
Иако некои луѓе велат дека сепак треба да се биде претпазлив, бидејќи Степан е див ѕвер, кој може еден ден да ја покаже својата агресивност и да ги повреди своите сопственици, Светлана одговара дека таа можност во нивниот случај е исклучена.