„Ескобар Инк“, компанијата која братот на Пабло, Роберто Ескобар ја води заедно со Швеѓанецот Олаф Густафсон, тврди дека „Кларна“ им должи 400.000 евра за илјада телефони од марката „Ескобар“, продадени преку оваа платформа.

И покрај тоа што спорниот износ не е голем за компанијата вредна 10,6 милијарди долари, тоа би можело да ѝ го забави растот на американската берза.

– Имам добри адвокати и гарантирам дека ќе победиме на суд – рекол Густафсон.

За „Кларна“ велат дека ги задржала парите затоа што веруваат дека продадените телефони никогаш не се доставени до купувачите.

Роберто ја основа компанијата „Ескобар Инк“ во 1984 година во Колумбија, а последниве шест години се занимава со заштита на семејното име, па често тужи различни компании и луѓе што го користат името „Екобар“ за продажба на производи.

Така, на пример, го тужеше и „Нетфликс“ поради серијата „Наркос“ и на крај се спогодил со нив надвор од судот.

На суд ги даде и „Епл“, а судски покани добија и „2 Чеинс“ и „Снуп“. Сепак, тужбата против „Кларна“ не се однесува на заштита на марката „Ескобар“, туку поради обидот компанијата да ја користи репутацијата на наркобосот за продажба на позлатени телефони.

Процесот е почнат во декември, кога „Ескобар Инк“ го претстави „Ескобар фолд 1“, паметен телефон прекриен со злато.

Компанијата е критикувана и поради полуголите жени во рекламите, а се појавија и информации дека телефоните никогаш не биле испорачани на купувачите.

Телефоните од марката „Ескобар“ се продавале многу помалку од оригиналната цена на „Ескобар голд 11“. Во три дена, тврди Густафсон, „Ескобар фолд 1“ е продаден во илјада примероци, и покрај тоа што „Кларна“ наводно ја сопрела продажбата.

„Кларна“ одбила да ги плати телефоните кои компанијата ги продала преку платформата.

– Дали им докажавме дека ги испративме уредите? Дали им докажавме дека сите уреди се испорачани и дека плативме поштарина, со што покажавме дека не станува збор за измама – вели Густафсон.

Сепак, „Кларна“  задржа четири милиони шведски круни, или околу 400.000 евра, и не планира да ги врати. Во меѓувреме, телефоните сè уште можат да се купат со директна уплата на сметката на Ескобаровата компанија.

Судскиот процес против „Кларна“ Густафсон го почна во судот во Калифорнија.

Од „Кларна“ се надеваат дека случајот ќе биде одбиен, меѓутоа правно се подготвуваат во случај да излезат на суд.