Коментарите на Канје Вест за време на неговиот митинг во текот на предизборната кампања за претседател во Јужна Каролина, имаат штетен ефект врз неговиот брак со Ким Кардашијан, пренесува магазинот „Пипл“.

– Работите полека се распаѓаат меѓу двајцата а се се случи ненадејно – рече изворот на магазинот.

Денес во својата објава на Твитер Канје Вест вели дека размислува за одлагање на својата претседателска кандидатура за изборите во 2024 година, пишувајќи „сакате ли сите да се кандидирам?”, пренесува магазинот „Пипл“.

Медиумите на ова гледаат како обид да се спаси од гневот на Кардашијан.

– Ким се обидуваше да лета од Лос Анџелес за Вајоминг на ранчот каде што престојувам, со доктор, за да ме заклучи како на филмот „Бегај“, затоа што вчера плачев за да им го спасам животот на ќерките – напишал Канје на Твитер.

Ким Кардашијан, наводно, е бесна и шокирана од коментарите на Вест за нивната ќерката Норт за време на неговиот митинг во Јужна Каролина, како дел од неговата предизборна кампања за претседател. Вест за време на митингот зборуваше за тоа како тој и Кардашијан разговарале за прекинување на нејзината прва бременост со Норт. Се споменува и можноста Кардашијан да се разведе од него поради интимните детали што ги споделуваше за време на митингот.

Кардашијан е многу вознемирена затоа што Вест јавно зборуваше за интимни семејни работи, како и дека му е дијагностицирано биполарно растројство и признанието дека понекогаш одбива да ги зема лековите. Семејството е загрижено и за неговото менталното здравје, се дознава од извори блиски на Кардашиан.