Британскиот премиер Борис Џонсон (56) вчера се ожени со својата свршеница Кери Симондс (33) на мала церемонија во катедралата Вестминстер.

Медиумите наведуваат дека тие се венчале во катедралата Вестминстер, во присуство на мал број пријатели и роднини.

Таблоидот „Сан“ наведува дека ниту членовите на владата на Џонсон не знаеле дека венчавката е испланирана и дека ќе се одржи.

Според британските прописи воведени за борба против коронавирусот, на свадбите е дозволено да присуствуваат најмногу 30 лица.

Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие го имаат едногодишниот син Вилфред.

Премиерот има два брака зад себе, додека тој е првиот сопруг на Симондс.

Последниот британски премиер кој се оженил за време на неговиот мандат бил лорд Ливерпул, пред 199 години.