Индискиот актер Риши Капур, дел од најпознатото семејство во Боливуд, почина на 67-годишна возраст по боледувањето од леукемија, објавува „Ју-ес-еј тудеј“.

– Риши Капур си замина. Само што почина… Јас сум уништен – напиша иконата на Боливуд, Амитаб Бачан, простувајќи се од Капур на Твитер.

Капур беше хоспитализиран во Мумбај во средата и почина денес, се наведува во семејната изјава. Тој се врати во Индија минатиот септември, по лекувањето во САД кое траеше скоро една година. Капур бил хоспитализиран двапати во февруари.

Премиерот Нарендра Моди рече дека Капур е сила од моќ на таленти.

– Секогаш ќе се сеќавам на нашите интеракции, дури и на социјалните медиуми. Тој беше страствен кон филмовите и напредокот на Индија – истакна Моди.

Неговиот татко Раџ Капур и дедото Притвирај Капур биле доајени на Боливуд, огромната филмска индустрија со седиште во западниот крајбрежниот град Мумбај.

Раши Капур ја доби националната филмска награда за неговата дебитантска улога во филмот „Мера Нам Џокер“ на  неговиот татко во 1970 година. Тој глумел во повеќе од 90 филмови.

Неговата сопруга, Ниту Синг, глумела во неколку негови филмови. Неговиот син Ранбир Капур е еден од врвните актери во Боливуд.

Рахул Ганди, лидер на партијата Конгрес, рече дека ова е страшна недела за индиската кинематографија, бидејќи уште еден врвен актер Ирфан Кан почина во средата, исто така од рак.

Филмската везда Пријанка Чопра рече дека смртта на Капур е крај на една ера.