Божиќните празници се неразделно поврзани со новогодишни џемпери, кои се претежно доста грди, но ако ги прашате експертите, тие се исто така и штетни за животната средина. Многумина веруваат дека тие ја претставуваат штетната страна на модата. Нешто повеќе од една третина од божиќните џемпери се носат само еднаш, покажало истражувањето на британската организација за заштита на животната средина „Хаббуб“.

Како и да е, секое трето лице на возраст под 35 години секоја година купува нов џемпер со божиќен мотив. Според „Хаббуб“ тоа резултира со огромно количество непотребен пластичен отпад, бидејќи околу 95 проценти од таа облека е направена целосно или делумно од пластични материјали.

Здружението ги советува сите оние што ги обожаваат овие џемпери со божиќни мотиви повторно да ги облечат, да ги заменат со член на семејство, да ги донираат или да купат „нови“ од некоја продавница за користена облека.
– Создадете уникатен изглед облекувајќи го минатогодишниот џемпер. Со додавање нова декорација, можете да го промените неговиот изглед и да го носите за време на наредните празници – велат од добротворната организација.