Четирите дами од новосадскиот бенд „Фрајле“ на православниот Божиќ (7 јануари) ќе приредат незаборавно онлајн музичко доживување. Марија, Невена, Наташа и Јелена веќе се подготвуваат за „Божиќ со Фрајле“, кој ќе започне во 20 часот на платформата Легато.
„Фрајле“ веќе неколкупати се дружеа онлајн со обожавателите и секогаш имаше огромен интерес од над 10.000 следбеници. Овој Божиќ тие за сите свои обожаватели покрај својата новогодишна елка ќе ги пеат: „Ich liebe dich“, „Мењам дане“, „Штиклице“ и уште многу песни од нивниот репертоар. На овој онлајн концерт ексклузивно и првпат ќе имаме можност да слушнеме и неколку нумери премиерно.