Фејсбук е апликација што ја користат луѓето низ светот, но исто така има и алатки што откриваат кои интернет-страници ги испраќаат вашите податоци до оваа и до другите компании. Таква е алатката „Блеклајт“, која всушност открива кои тракери (алатки за пребарување) работат во заднината на страниците што ги посетувате, пишува „Машабл“.
Еден таков тракер што се смета за особено „проблематичен“ е Фејсбук пиксел.
Всушност станува збор за „незабележителна“ алатка за анализа, која работи во заднината на милион веб-локации, вклучувајќи го и Фејсбук, а која собира и известува за вашите постапки. Со помош на Фејсбук пиксел можете да ги измерите перформансите на вашите кампањи на Фејсбук и да ги насочите посетителите на вашите реклами на оваа социјална мрежа. Неодамнешното истражување покажало дека 30 проценти од популарните веб-страници биле вчитани со вграден Фејсбук пиксел. Не мора да го вметнувате, но ако сакате точно да го следите успехот на вашите реклами и подобро да ги насочите клиентите што веќе покажале заинтересираност за вашата компанија, не заборавајте да ја вметнете.

– Фејсбук пиксел ќе се активира кога некој ќе почне активности на одредена интернет-страница. Пиксел собира податоци за секој веб-запис поединечно и податоци за однесувањето на корисникот. Потоа, овие податоци можете да ги следите и анализирате во Фејсбук бизнис менаџер – велат од „Фејсбук“.
Со други зборови, интернет-страниците што ги следи Фејсбук пиксел ги враќаат податоците на корисниците на Фејсбук. Се претпоставува дека Фејсбук потоа може да ги поврзе овие информации со вашиот профил и, следствено и со вашиот вистински идентитет. За среќа, постојат неколку активности што можете да ги преземете за да се заштитите од Фејсбук пиксел. На пример, Фејсбук контејнер е додаток на Фејсбук што блокира тракери на други веб-страници. Исто така, ако забележите дека одредена страница го користи Фејсбук пиксел, можете директно да контактирате со таа компанија и да ѝ дадете до знаење дека сте против „предавање“ на вашите информации на Фејсбук.