Британскиот јавен сервис Би-би-си разгледува планови за рестартирање на производството на повеќе телевизиски серии стопирани од пандемијата, објавува „Гардијан“. Меѓу нив се разгледува и можноста за ставање на актерите и екипите во карантин, со цел да им се овозможи да комуницираат во истиот простор, но и да ја отстранат публиката од студијата.

Пирс Венгер, шеф на драмската продукција на Би-би-си, изјави за телевизискиот фестивал во Единбург, дека сака да започне со снимањето на ТВ-серии.

Тој се согласува дека барањето од ѕвезди од висок профил да поминат подолго време на сетот од планираното, значи зголемување на трошоците, но посочи дека тоа може да биде еден и единствен начини да се направат нови серии, доколку правилата за социјално дистанцирање останат во сила до крајот на годинава.