Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари.

Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари во април оваа година.

За 24 часа, биткоинот се зголеми 4,2 % и сега се продава за речиси 66.460 долари, пренесува „Коиндеск“.

Растот на вредноста на битконот следуваше откако вчера беше почнато првото тргување на берзата со фјучерси на биткоин.

Аналитичарите очекуваат да ќе продолжи растот на неговата цена.