Том Бауер, познат како господарот на неовластените биографии, ја подготвува својата следна книга – за војвотката од Сасекс, објавија британски медиуми. Тој е познат како тврдокорен новинар, кој им се спротивставува на луѓето што ја затајуваат вистината.
Познат како добар истражувачки новинар, Бауер ќе биде човекот што ќе пребара и ќе интервјуира разни извори за да обелодени објективни докази за она што го пишува.
Биографот наводно почнува 12-месечно детално истражување, ќе разговара со пријатели, непријатели и соработници на принцот Хари и Меган, за да може прецизно да ја раскаже приказната за војвотката.
Британски медиуми цитираат неименувани извори, кои откриле дека Бауер договорил шестцифрена сума за да ја раскаже приказната за Меган.
Минатите теми му беа премиерот Борис Џонсон, медиумскиот моќник Роберт Максвел, принцот од Велс… Насловите на книгите честопати ја следат препознатливата формула на микроописот на субјектот, на пример „Борис Џонсон: „Коцкарот“, „Роберт Максвел: Конечната пресуда“ и „Принц бунтовник: Силата, страста и пркосот на принцот Чарлс“.
Том Бауер има напишано биографии и за други познати имиња, меѓу кои и за Тони Блер, Ричард Бренсон и за Мохамед Фаед.