Луѓето обично не обрнуваат внимание на деталите кога ги гледаат филмовите и ретко ги проверуваат деловите од снимањето или фактите поврзани со процесот на реализација на некое филмско дело. Сајтот „Брајт сајд“ пренесува неколку помалку познати информации за некои популарни филмови.

1. Џулија Робертс постигна светска слава глумејќи во филмот „Убава жена“, рамо до рамо со еден до најубавите мажи во Холивуд, Ричард Гир. Меѓутоа, глумицата одби да ја сними сцената во која таа е гола, за што била ангажирана двојничка. Исто така, Гир на постерот за филмот има црна коса, додека во филмот му е веќе побелена.

2. Една од најкомплицираните сцени за време на снимањето на филмот „Титаник“ била вечерата за патниците во прва класа. Проблем создавал фактот дека имало многу ситни детали на кои за време на снимањето требало да им се обрне внимание, како што се лицата во заднината, кратките изјави и слично. За време на вториот ден од снимањето на истата сцена сите веќе биле по малку уморни и упорно се смееле, поради што снимањето се повторувало. Токму поради тоа Леонардо ди Каприо и во една од секвенците згрешил. Кога ја прашал Кејти Бејтс дали знае која виљушка ја користеле за лоботомија, наместо во есцајгот, гледал во садовите.

3. Сцената на депилирањето од филмот „Четириесетгодишна девица“ била вистинска. Стив Карел морал да помине низ оваа болна процедура, бидејќи режисерот мислел оти така таа ќе биде поубедлива. Се снимало со пет различни камери, поставени на пет различни страни, за да се добие подобар ефект.

4. Кога глумецот Ед Хелмс останал без еден заб, не ни претпоставувал дека тоа добро ќе му послужи во филмот „Мамурлак“, кога во една сцена му паѓа заб. Единствената причина што во филмот сѐ изгледало толку реално бил фактот дека Ед само го извадил вештачкиот заб и го продолжил снимањето.

5. Режисерот на филмот „Сјаење“, Стенли Кјубрик, бил познат по својот перфекционизам, што го докажало и снимањето на овој филм. Тоа требало да трае 17 седмици, а завршило по 51. Дијалогот меѓу Шели Дувал и Џек Николсон е снимен 127 пати, а култната сцена „Еве го Џони“ се снимала три дена и биле искршени 60 врати.

6. Во воведната сцена на филмот „Хари Потер и огнениот пехар“ јасно се гледа змија на логото на „Ворнер брос“. Овој ефект е уфрлен со причина, бидејќи змија се појавува и во првата сцена од филмот.