Реплика на „Биг Бен“, направена да изгледа како да се срушила на едната страна во Манчестер, е меѓу знаменитостите што се појавија на почетокот на меѓународниот фестивал на уметноста во градот.
Скулптурата од 42 метри во градините Пикадили ја изработи Аргентинката Марта Минуџин и е покриена со 12.000 книги со политичка тематика.
Тоа е на некој начин одговор на битките меѓу Манчестер и Лондон, север и југ, во текот на минатата година – рече директорот на фестивалот „Манчестер интернешнел“, Џон Мекграт.
Фестивалот се одржува секоја втора година – иако оваа година, поради пандемијата, обемот на уметници што успеале лично да стигнат до Манчестер е помал од вообичаено.