Оваа година се одбележува 160-годишнината од првото ѕвонење на еден од симболите на Лондон, Биг Бен.

Но и покрај тоа, жителите на Лондон денес нема да можат да ги слушнат ѕвоната бидејќи Биг Бен во моментов се реновира, а работите се на половина пат, пишува „Б92“.

Биг Бен, висок 96 метри, во моментов е обвиткан со скелиња, додека работниците ја вршат реставрацијата на стрелките, покривот и фасадата.

За време на реставрацијата, ѕвоното тешко речиси 14 тони ќе остане во кулата, но ќе се слушне само во посебни пригоди, како што е пречекот на Новата Година.

Обновувањето на кулата треба да биде завршено во 2021 година.