Според оценките на ИМДБ, ова се најдобрите филмови со суперхерои

1. „Бетмен: темниот витез“ (2008)
Режија: Кристофер Нолан
Актери: Кристијан Бејл, Хит Леџер, Арон Екхарт
Кратка содржина: со помош на поручникот Џим Гордон и обвинителот Харви Дент, Бетмен одлучува да ги уништи преостанатите криминални организации што се закануваат на улиците на Готам.
ИМДБ-оценка: 9/10 – (1.956.758 гласачи)

2. „Одмаздници: војна на бесконечноста“ (2018)
Режија: Ентони Русо, Јо Русо
Актери: Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт, Марк Рафало,
Кратка содржина: Марвеловиот филм „Одмаздници: војна на бесконечноста“ фантастично филмско остварување, кое е креирано во текот на десет години, а го опфаќа целиот Марвелов универзум. На платното ни ја носат финалната и најсмртоносна пресметка на сите времиња.
ИМДБ-оценка: 8,6/10 (457.469 гласачи)

3. „Бетмен: подемот на темниот витез“ (2012)
Режија: Кристофер Нолан
Актери: Кристијан Бејл, Том Харди, Ен Хатвеј
Кратка содржина: осум години по смртта на Харви Дент и одметнувањето на Бетмен, Готам се чини како посветло, побезбедно место за живеење, но физички и духовно скршениот Брус Вејн, веќе непотребен и небаран од градот за кој се заколна дека ќе го штити, ги минува своите денови затворен во својот замок. Меѓутоа тој набргу ќе излезе од своето скривалиште, во двете свои варијанти, бидејќи е соочен со распаѓањето на бизнис-империјата и со една нова закана за Готам.
ИМДБ-оценка: 8,4/10 (1.324.860 гласачи)

4. „Бетмен започнува“ (2005)
Режија: Кристофер Нолан
Актери: Кристијан Бејл, Мајкал Кејн, Лијам Нилсон,
Кратка содржина: „Бетмен започнува“ е суперхеројски акциски филм од 2005 година, базиран на ликот Бетмен. Се дознава зошто и како Бетмен почнува да го брани Готам од организираниот криминал.
ИМДБ-оценка: 8,3/10 – 1.139.335

5. „В за Вендета“ (2005)
Режија: Џејмс Мектиг
Актери: Натали Портман, Хуго Вивинг, Џон Херт
Кратка содржина: филмот го следи мистериозниот В, борец за слобода што сака да предизвика промени во социјалната политика, а во исто време ја извршува својата лична насилна одмазда.
ИМДБ-оценка: 8,2/10 (915.316 гласачи)

6. „Неверојатните 2“ (2018)
Режија: Бред Брд
Актери: Семјуел Л. Џексон, Холо Хантер,
Кратка содржина: Боб Пар (г. Неверојатен) останува да се грижи за Џек-Џек, додека Хелен (Еластичната) го спасува светот.
ИМДБ-оценка: 8,2/10 (89.152 гласачи)

7. „Чувари на галаксијата“ (2014)
Режија: Џејмс Ган
Актери: Крис Пат, Вин Дизел
Кратка содржина: авантуристот Питер Квил станува предмет на потера откако краде една сфера присвоена од еден опасен негативец. Кога Квил ги открива нејзините моќи, тој мора да најде начин да ги собере четворицата ривали за да ја спасат вселената.
ИМДБ-оценка: 8,1/10 (867.498 гласачи)

8. „Одмаздници“ (2012)
Режисер: Џос Ведон
Актери: Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Скарлет Јохансон.
Кратка содржина: студиото „Марвел“ ги претставува одмаздниците – фантастична група суперхерои што ги водат Железниот Човек, Неверојатниот Халк, Тор, Капетан Америка, Црна Вдовица. Кога ќе настапи неочекувана непријателска закана, се составува тим, кој има за задача да му ја врати на светот рамнотежата и да го спаси од катастрофа.
ИМДБ-оценка: 8,1/10 (1.120.965 гласачи)

9. „Логан“ (2017)
Режисер: Џејмс Манголд
Актери: Хју Џекман, Патрик Стјуарт, Дафне Кин
Кратка содржина: сценариото на филмот се одвива во иднината, во 2024 година, кога Логан и професорот Чарлс Хавиер мораат да се помират со исчезнувањето на Икс-мен.
ИМДБ-оценка: 8,1/10 (502.919 гласачи)

10. „Дедпул“ (2016)
Режисер: Тим Милер
Актери: Реј Рејнолдс, Морена Бакарин, Т.Ј. Милер
Кратка содржина: Дедпул го започнува животот како Вејд Вилсон, елитен оперативец од специјалните сили што се претвора во платеник. Кога ја открива својата болест во последен стадиум, одлучува да пристапи на тајна експериментална програма.
ИМДБ-оценка: 8,0/10 (756.190 гласачи)