Бесмртната медуза, позната и како Turritopis nutricula, е единствената единка што има биолошка бесмртност. Оваа медуза е единствен пример во животинскиот свет што е способен да се врати во полово незрела фаза на егзистирање, откако веќе ќе ја достигне половата зрелост како суштество. Овој процес се нарекува трансдиференцијација. Бесмртната медуза го започнува својот живот како ларва во океанот. Потоа во длабочините стануваат полипи, а потоа се трансформираат во медуза. Доколку во некоја од овие фази, медузата доживее повреда или стрес поради промените во средината во која живее, може да се врати во фазата на полип и повторно да се трансформира во медуза. Овој чин може постојано да го повторуваат.