Актерот Берт Рејнолдс, кој неодамна почина во Флорида, го оставил својот имот на внуката, но во тестаментот прецизирал дека веќе финансиски го згрижил својот син Квинтон.

Тестаментот на Берт Рејнолдс, кој бил составен во октомври 2011 година, беше отворен вчера во Флорида. Во него Берт Рејнолдс ја посочува својата внука, Нанси Ли Браун Хес, како наследник. 

Рејнолдс прецизира во тестаментот дека неговиот син Квинтон (30) е „прескокнат“ во документот бидејќи за него актерот основал фонд уште додека бил жив, објавија светските агенции. Квинтон ќе продолжи да прима пари од фондот, кој веројатно е создаден за да се избегне данокот на наследство.

Берт Рејнолдс го посвоји Квинтон со втората сопруга Лоуни Андерсон во 1988 година. Малку пред неговата смрт тој за синот вели дека е неговото „најголемо достигнување“ и многу се гордее со тоа што не сакал од барал помош во својата кариера во Холивуд.