Откријте на кој ѕид работеле 15.000 мажи, како и кој ѕид се протега на повеќе од 90 километри

1. Стонски ѕидови (Хрватска)
Одбранбени камени sидови, кои биле изградени во 14 и 15 век и се наоѓаат на територијата на Далмација. За нив често се вели дека го претставуваат големиот ѕид на Европа. Ѕидот се протега на 6,9 километри и е направен за да се заштитат градот Стон и регионот богат со погони со сол. По земјотресот во 1996 година, ѕидот беше реновиран и беше прикажан во серијата „Игра на тронови“.

2. Ѕидовите на Вавилон (Ирак)
Изграден е во 575 година пр. н.е. и е долг 90 километри и висок 91 метар. Вавилон бил голем град, кој бил исклучително важен за Античка Месопотамија. Ѕидот е направен од печени тули од кал што биле изработени во печки. Садам Хусеин, поранешниот претседател на Ирак, обнови голем дел од Вавилон, кој беше уништен.

3.Адријанов ѕид (Велика Британија)
Ѕидот бил изграден од Римјаните помеѓу 112 и 127 година од нашата ера. Тој ја заштити Римска Британија, денешна Англија, од варварски напади од север. Долг е 117 километри и висок 4,5 метри. Неговата изградба е нарачана од императорот Адријан, по кого е именуван. Се градел шест години и на него работеле 15.000 мажи. Реиси 300 години, ѕидот на Адријан претставувал северозападна граница на Римската Империја

4. Берлински ѕид (Германија)
Изградбата на Берлинскиот ѕид започна во текот на ноќта на 13 август 1960 година, а денес се протега на 155 километри и достигнува висина од 3,6 метри. Подигнат е за да се запре одливот на работници од Берлин со создавање граница помеѓу Источен и Западен Берлин. И покрај фактот дека околу ѕидот беа поставени кучиња, ровови, огради, кули и мински полиња, околу 5.000 луѓе се обиделе да го преминат и да избегаат.

5. Кинески ѕид (Кина)
Кинескиот ѕид е најголемата градба во светот и неговата вкупна должина е 8.851 км (главниот дел е 2.250 километри), а се издига од 10 на 16 метри во висина. Ѕидот потекнува од ерата на Минг и има околу 25.000 кули за набљудување. Изградбата на ѕидот е поврзана со периодот од 220 до 206 година пр. н.е., а тој бил нарачан од првиот кинески император Чин Ши Хуанг за да се спречи упадот на варварските племиња – номади.