По краткото затишје по објавувањето на нејзиниот прв сингл насловен „Чудо“, групата „Лилит“ се врати во етерот со својата „Мирислива градина“. Симбиозата од различни музички стилови, крунисана со нивниот препознатлив џез-призвук, ја пренесува пораката, која е носечки столб на филозофијата на „Лилит“, дека сите делови на животот се испреплетени во еден круг и магичен циклус, а нашиот начин на размислување е оној што одлучува дали тие делови ќе се синхронизираат или уништат едни со други.
Како режисер се појавува Кристина Нановиќ, со нејзината препознатлива естетика. За завршната магија на спотот, со видеомонтажа се погрижи Бобан Костовски, а за микс и мастер – Љупчо Соколовски.